Кујнското катче на Ана Крстаноска: Потпечени макарони
Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).
Препорачано
Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.
– Приготвувањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и на моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.
Денеска ви го претставуваме нејзиниот рецепт за солени потпечени макарони.
– Потпечени макарони се секогаш супер идеја за оброк за целото семејство. Верувам дека сите од вас ги приготвувате доста често и ги обожавате, па еве јас како ги подготвувам – вели Крстаноска.

Потребни состојки:
- 500 г макарони
- 3-4 јајца
- Чаша млеко (може и повеќе)
- Чаша од течноста која се вареле макароните
- Сирење
- Кашкавал
- Сол и оригано
Подготовка:
Сварете ги макароните на вообичаен начин.
Потоа земете едно тавче, премачкајте го со масло и ставете ги сварените макарони. Врз нив прелијте ја претходно измешаната смеса од јајца, млеко и дробено сирење. По потреба, додајте од водата во која сте ги вареле макароните од причина што не треба да бидат суви. За крај, изрендајте кашкавал над нив и наросете оригано.
Печете ги макароните во загреана рерна на 200 степени, додека не заруменат. К.С.


