Кубанката Анхела Алварез на 95 години номинирана за „Греми“

Фото: Фејсбук

Кубанката Анхела Алварез, на 95-годишна возраст, годинава како највозрасна латино пејачка ќе влезе во конкуренција за музичарка награда „Греми“, и тоа во категоријата „најдобар нов уметник“.

Во оваа конкуренција Алварез се натпреварува и со 80 години помладата Јарица Мартинез, која има 15 години, со 24-годишниот Шпанец Пол Гран и со 25-годишната мексиканска поп-ѕвезда Силвана Естрада.

Како дете, Алварез научила да свири на пијано и гитара, вели таа во интервју за „Билборд“. Таа потоа почнува да компонира и пее свои песни, но нејзиниот татко ја обесхрабрувал да се занимава со музика. Алварез се омажила, па денес има четири деца, девет внуци, а станала и прабаба.

Интересно е тоа што внукот Карлос Хозе Алварез ја убедил повторно да се занимава со музика и да снима песни – нејзиниот младешки сон. Дури лани, Анхела и нејзиниот внук, кој компонира филмска музика, се поврзаа со продуцентот Мишаал ал-Омар и во јули излезе првиот албум насловен „Анхела Алварез“. Првиот албум на новата латино ѕвезда има 15 песни, меѓу кои и моќната „Un Canto A Mi Cuba“ – ода за нејзината родна земја.

– Овој албум е ремек дело. Нејзината музика и глас се благослов за мене – прокоментира нејзиниот колега и добитник на „Греми“, Хусто Алмарио.

Свеченоста на доделувањето на „Латино Греми“ наградите ќе се одржи на 17 ноември во Лас Вегас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот