Крваво злосторство во Италија – готвач од Украина го убил помошникот и му го распарчил телото
Морничаво убиство ја потресе Италија – готвач од Украина брутално го убил својот помошник, момче од Банглдаеш, а неговото тело го исекол на парчиња, јавија италијанските медиуми.
Препорачано
Готвачот Дмитро Шурин и 21-годишното момче од Бангладеш Бала Сагор, кое му било помошник, работеле во ресторан во гратчето Сполето во провинцијата Перуџа, објави РАИ.
Сагор, по потекло од Бангладеш, исчезнал на 18 септември, а неговото распарчено тело било пронајдено во понеделникот во кеса.
Обвинителството во Сполето наредило апсење на Шурин, кој е осомничен за убиство, попречување на правдата и прикривање на тело.
Како што објави главниот обвинител Клаудио Чичела, клучните докази во случајот се добиени благодарение на информации од познаници на жртвата и соседи на осомничениот. На снимки од безбедносните камери, забележано е местото каде што е пронајдено телото и велосипедот што го возел убиениот.
Полицијата го претресе домот на осомничениот Украинец, за кој се верува дека го убил и распарчил Сагор во својот дом, само стотина метри од местото каде што е пронајдено телото на жртвата.
Сагор дошол во Италија од Бангладеш пред две години. Истражителите продолжуваат да ги истражуваат околностите околу убиството.


