Крстевски: Добивме силни противници, можност да се уиграме пред квалификациите за ЕП

фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Чешка, Израел и домаќинот на групата Естонија се противниците на македонската кошаркарска сениорска репрезентација во рамки на олимписките претквалификации кои оваа година ќе се одиграат во периодот од 12-20 август.

Своите очекувања ги истакна Бојан Крстевски, стандардното крило на нашиот сениорски национален состав.

– Можевме да поминеме и подобро во жрепката. Добивме силни, квалитетни противници. Еден од нив е домаќинот на турнирот во Талин, селекцијата на Естонија. Но, уште поголем квалитет се и Чешка и Израел, постојани учесници на Евробаскетот – вели Крстевски.

Според нашиот репрезентативец овие мечеви ќе бидат добредојдени како подготовка пред главните квалификации за пласман на следното Европско првенство.

– Наша цел на турнирот ќе биде да направиме добра подготовка за она што нè чека во евроквалификациите. Да се воиграме уште подобро за новиот циклус во кој се бара место на Евробаскетот – рече Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот