Кристина Еплгејт / Фото: EPA

Кристина Еплгејт е во болница среде тешката борба со мултиплекс склероза

Американската глумица Кристина Еплгејт, која со години се бори со мултиплекс склероза, наводно е хоспитализирана во Лос Анџелес, објавија американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до актерката. Како што објави „Ти-ем-зи“, глумицата наводно се наоѓа во болница уште од крајот на март и сè уште е таму.

Засега не е познато дали наводната хоспитализација е поврзана со нејзината болест.

„Не можеме да коментираме дали е во болница ниту да се изјасниме за нејзиното лекување. Таа има долга историја на сложени здравствени проблеми за кои многу отворено зборуваше, што може да се види во нејзините мемоари и поткаст“, стои во изјавата на нејзиниот портпарол.

Еплгејт постојано и искрено зборува за својата здравствена состојба. Во февруари откри дека поради постојаните болки често е врзана за кревет. Во емотивно признание за „Пипл“, раскажа како и покрај сè се труди да ја вози својата 15-годишна ќерка Сејди на училиште и на други активности.

„Сакам да ја возам, тоа ми е најдрага работа. Тоа е единственото време што го имаме само за нас“, рече таа. „Си велам: ‘Само безбедно одвези ја и врати се дома во кревет.’ И тоа и го правам.“

Ќерката Сејди ја има со холандскиот музичар Мартин ле Нобл, со кого се омажи во 2013 година.

Ѕвездата на филмот „Најслатката работа“ објави дека боледува од мултиплекс склероза во август 2021 година со емотивна изјава на платформата Икс.

„Здраво, пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Тоа беше чудно патување. Но добив огромна поддршка од луѓе што ги познавам, а кои исто така ја имаат оваа болест“, напиша тогаш.

„Беше тежок пат. Но, како што сите знаеме, патот продолжува. Освен ако не го попречи некој идиот“, продолжи таа. „Како што рече една моја пријателка која има мултипла склероза: ‘Се будиме и ги правиме потребните чекори.’ И токму тоа го правам. Затоа сега молам за приватност додека поминувам низ сето ова. Ви благодарам“, заклучи.

Еплгејт светската слава ја стекна со улогата на бунтовната тинејџерка Кели Банди во популарната хумористична серија „Брачни води“, во која глумеше од 1987 до 1997 година.

Неодамна објави и мемоари со наслов „Ти со тажните очи“, во кои пишува за својата холивудска кариера и борбата со мултиплекс склероза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот