Крцкав, а сочен: Генијален рецепт за совршено печен и брзо готов компир

Фото: Tatiana Volgutova / Alamy / Alamy / Profimedia

Со додавање на путер, сирење или павлака, како и миризливи билки, обичен печен компир се претвора во сензационално јадење кое не бара многу труд во кујната.

Компирите можете да ги наполните и со мелено месо, грав и пченка или со печен или парен зеленчук. Ако го барате најдобриот компир за печење, побарајте ги оние со поголема содржина на скроб, а младите компири подобро ги оставите за варење.

Иако печењето компири не е посебно кокплицирано, постојат трикови кои прават голема разлика во вкусот и текстурата. Едно од нив е пред печењето да се прободат компирите во средината со вилушка од двете страни за да може да излезе пареа при печењето.

Исто така, одличен е трикот со микробрановата печка, која го вади вишокот на влага – доволно е да ги загреете накратко, како што е опишано во рецептот.

За совршена кора и рамномерно печени компири, заборавете на хартијата за печење и наместо тоа испечете ги директно на решетката од рерната. Не ги виткајте во алуминиумска фолија, бидејќи наместо да се печат, ќе се сварат.

Фото: Tatiana Volgutova / Alamy / Alamy / Profimedia

Состојки:

• 4 компири
• 1 лажица маслиново масло
• 1 лажичка сол
• Фил по желба: мелено месо, грав и пченка, парен зеленчук, путер, сирење или павлака

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Измијте ги и истријте ги компирите под млаз вода и исушете ги со хартија. Секој компир прободете го на средина со вилушка, па превртете го и направете го истото од другата страна. На овој начин, пареата ќе излезе за време на готвењето.

2. Ставете ги компирите во микробранова печка 10 до 12 минути. Потоа внимателно ставете ги во сад и рамномерно прелијте ги со маслиново масло и посолете.

3. Ставете ги компирите на решетка во средината на рерната, а одоздола ставете лист или решетка обложена со хартија за печење за да се собере маснотиите што може да капе за време на печењето.

4. Печете околу половина час или додека компирите не станат крцкави и лесно може да се стави дрвен ражен во компирот. Извадете ги компирите, исечете ги попречно од едната страна и наполнете ги со вашите омилени преливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот