фото: EPA-EFE/KENA BETANCUR

Кралска лекција за Барса: Реал го освои првиот Ел Класико!

Реал Мадрид извојува голема победа над Барселона со 2:1 во дербито на 10. коло во Ла Лига, натпревар кој секогаш го привлекува вниманието на целиот фудбалски свет.

Екипата на Чаби Алонсо ја искористи ослабената Барса на чие конто недостасуваа неколку важни имиња – Левандовски, Рафиња, Гави и Дани Олмо, а клупата поради суспензија ја предводеше асистентот Маркус Цорг наместо Ханси Флик.

Sport.com.mk

ФудбалШпанија

Кралска лекција за Барса: Реал го освои првиот Ел Класико!

Фото: EPA/Siu Wu

Реал Мадрид извојува голема победа над Барселона со 2:1 во дербито на 10. коло во Ла Лига, натпревар кој секогаш го привлекува вниманието на целиот фудбалски свет.

Екипата на Чаби Алонсо ја искористи ослабената Барса на чие конто недостасуваа неколку важни имиња – Левандовски, Рафиња, Гави и Дани Олмо, а  клупата поради суспензија ја предводеше асистентот Маркус Цорг наместо Ханси Флик.

И покрај тоа, домаќините одиграа зрел и борбен фудбал, а особено се зборува за фактот што младата ѕвезда на Барса, Ламин Јамал, речиси и да не постоеше на теренот по неговите провокативни најави во пресрет на дербито.

Во самиот старт, судијата Сото Градо додели пенал за Реал по контакт меѓу Винисиус и Јамал, но по интервенција на ВАР одлуката беше поништена.

Реал стигна до водство во 22. минута кога Килијан Мбапе ја искористи лошата поставеност на Кунде и рутински го совлада Шчесни.

Барселона се разбуди дури по половина час игра – Феран Торес прво пропушти голема шанса, но само неколку минути подоцна ја казни грешката на Гулер и донесе израмнување.

Сепак, „кралевите“ повторно ја презедоа контролата. Во 43. минута Милитао одлично проигра со глава, а Џуд Белингем беше најснаодлив за ново водство на домашните. Барса бараше прекршок, но судијата остана при својата одлука.

Во второто полувреме гостите се обидоа да израмнат, но шансите беа ретки. Реал од контра напади остана поопасен, а Мбапе пропушти пенал во 52. минута – уште една одлична интервенција на Шчесни.

Барселона до крајот напаѓаше, но без идеја, особено со целосно изолиран Јамал на крилото. Во последните секунди, незадоволството кулминираше – Педри беше исклучен, па завршија и мали турканици меѓу двата тима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот