Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Кукла со ликот на израелскиот премиер виси од кран во Турција, над неа плакат: „Смрт за Нетанјаху“

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека турски академик ја изработил куклата „со гордост, со помош на државна компанија“. „Турските власти не се оградија од ова срамно однесување. Во Ердогановата Турција, омразата и антисемитизмот не се осудуваат — тие се слават,“ се вели објавата.

Кукла со ликот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, видена како виси од градежен кран во североисточна Турција, предизвика гнев во Израел, објави „Јаху“.

Фотографии објавени од турскиот весник „Јени Шафак“ покажуваат фигура што виси од кран во црноморскиот град Трабзон. Над неа е поставен плакат со натпис: „Смртна казна за Нетанјаху.“

Кој стои зад овој чин засега не е познато.

Нетанјаху одбива да има турски трупи во Газа

Израелското Министерство за надворешни работи, преку објава на платформата Икс, соопшти дека турски академик ја изработил куклата „со гордост, со помош на државна компанија“.

„Турските власти не се оградија од ова срамно однесување. Во Ердогановата Турција, омразата и антисемитизмот не се осудуваат — тие се слават,“ продолжува објавата.

Портпаролка на израелското министерство во Ерусалим само забележа дека универзитетот во Трабзон е државен. Засега нема официјална реакција од Турција.

Односите меѓу Турција и Израел, кои и онака беа затегнати со години, дополнително се влошија по масакрот што го изврши палестинското милитантно движење Хамас на 7 октомври 2023 година.

Нетанјаху: Израел ќе одлучи кои меѓународни сили се прифатливи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвинува Нетанјаху за „геноцид“ во Газа. Турција имаше посредничка улога во најновиот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот