Возач се обидел да помине со кола низ „езеро“ од дождовница во Тетово – возилото се заглавило во водата
Возач неуспешно се обидел да помине со својот автомобил преку подвозник со насобрана вода поради интензивните врнежи во Тетово, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по пријавата за овој настан во населбата Дарданија во близина на подвозникот кај полигонот.
Препорачано
Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираат дека веќе неколку часа се интервенира на тоа место.
– Водата се испумпува со две пумпи, две противпожарни возила и со помош на четворица пожарникари. Но, бидејќи врнежите од дожд не прекинуваат, интервенцијата се одвива повеќе часови. Наша екипа ќе биде тука сè додека не се отстрани насобраната вода – информираше командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети.
Од ЦУК апелираат до граѓаните да внимаваат и да ги почитуваат упатствата од надлежните служби.
– До населбата Дарданија постојат две алтернативни улици кои граѓаните можат да ги користат за непречено извршување на своите секојдневни обврски додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата – велат од ЦУК.
Од Јавното комунално претпријатие за водовод и канализација „Шар“ информираа дека и нивни екипи се на терен за време на врнежите од дожд, интервенирајќи на места каде се собира поголема количина вода.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


