Фото: Принтскрин

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилниците снимени како брутално го убиваат Словенецот

На социјалната мрежа Икс се појави видео од бруталната тепачка што се случила во ноќта меѓу четвртокот и петокот во словенечкото Ново Место, при што еден маж бил жестоко нападнат, завршил со тешки повреди на главата и подоцна починал.

Словенија на нозе: Маж брутално претепан до смрт од Роми во Ново Место

Жртвата, 47-годишниот Алеш Шутар, била повикана од својот син да дојде пред клубот „Локал патриот“. Момчето се пожалило дека група мажи му се закануваат.

Кога таткото пристигнал на местото, бил нападнат и претепан. За време на нападот, го изгубил пулсот, а лекарите од Брзата помош успеале накратко да го реанимираат.

Сепак, тој им подлегнал на повредите и починал истиот ден.

Двајца словенечки министри поднесоа оставки поради убиството во Ново Место

Случајот предизвика голем потрес во Словенија, а како реакција на инцидентот, министрите за правда и за внатрешни работи од владата на Роберт Голоб поднесоа оставки.

Предупредуваме дека снимката прикажува експлицитно насилство и може да вознемири дел од читателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот