Италијанците го осудуваат Синер: „Ѝ сврти грб на репрезентацијата“
Одлуката на Јаник Синер да го откаже настапот на завршницата од Дејвис купот и натаму предизвикува бурни реакции во Италија. Според анкета објавена од „Ла Газета дело Спорт“, дури 63% од Италијанците сметаат дека вториот тенисер на светот донел неоправдана одлука.
Препорачано
Истражувањето на институтот SWG спроведено врз 800 испитаници покажува дека 42% сметаат дека одлуката е „разбирлива, но неоправдана“, додека 21% ја оценуваат како „нерозбирлива и неоправдана“. Само 37% се на страната на Синер.
Дури 30% од анкетираните веруваат дека Синер треба да биде санкциониран поради недостигот на настап за репрезентацијата годинава.
Синер своето повлекување го правда со подготовките за сезоната 2026, бидејќи Дејвис купот во Болоња (18–23 ноември) се поклопува со ATP финалето во Торино (9–16 ноември).
„Беше тешка одлука, но Дејвис куп освоивме во 2023 и 2024 година. Мојот фокус е да бидам подготвен за 2026. Една недела подготовки прави голема разлика“, изјави Синер.
Иако оваа година ги освои Австралија опен и Вимблдон, критиките се засилија откако избра да настапи на профитабилниот егзибициски турнир „Шест кралеви“ во Саудиска Арабија, наместо пред домашната публика.
Италијанската легенда Никола Пјетрaнджели ја нарече одлуката „вистински шамар за италијанскиот спорт“:
„Дејвис купот е најважната цел за еден спортист — да го носи дресот на својата земја. Но денес парите се пред срцето“, порача Пјетрaнджели.


