„Кралот на земјата“ Надал е првиот финалист во Париз

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Вториот тенисер на светот се пласираше во финалето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“, со сигурна победа над Диего Шварцман.

Аргентинецот не успеа да ја повтори партијата од полуфиналето и Рафаел Надал само рутински стигна до борбата за трофејот со 6:3, 6:3 и 7:6 (0).

„Бикот од Мајорка“ го обезбеди неговото 13 финале на Отвореното првенство во Франција и на сите досегашни 12 завршни мечеви доаѓаше до титулата, па затоа и го нарекуваат уште како „Кралот на земјата“.

Шпанецот ќе го брани трофејот против победникот од втората полуфинална пресметка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.

Шварцман и покрај поразот од понеделник за првпат ќе се најде во Топ 10, ќе биде осмиот тенисер на АТП ранг-листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот