Кралот на високите потпетици порачa: Ова е единствениот модел на сандали кој ви е потребен ова лето! (ФОТО)

профимедиа

Маноло Бланик, некрунисаниот крал на високите потпетици и славен дизајнер порачува кој е ултимативниот модел на сандали за ова лето.

Тој е човек чие име во модниот свет се изговара со голема почит и чии чевли претставуваат ултимативен знак на престиж. Речиси и да не постои ѕвезда и јавна личност која во својот гардеробер нема барем неколку пара негови чевли кои чинат од 500 па сè до неколку илјади долари.

Омилениот дизајнер на Кери Бредшо од “Сексот и градот”, се огласил за најновиот тренд за лето 2020 година, кога станува збор за чевлите.

Според неговите зборови, доколку планирате да купите само еден пар високи потпетици за ова лето – тоа мора да биде овој модел.

„Ако планирате да купите еден пар високи потпетици, предлагам тоа да бидат „голи” сандали со потпетица од 7 центиметри, лесни како пердув и сосема отворени”, изјавил дизајнерот за “Travel and Leisure”.

Ваквиот модел одлично се комбинира и со елегантен вечерен стајлинг, но и со фармерки и бела кошула, односно добро искомбиирана дневна спортска елеганција.

View this post on Instagram

Sweatpants but make it fashion ?

A post shared by Ingrid Wilkinson (@ingridwilkinson) on

Што се однесува до изборот на бои, дизајнерот тврди дека никогаш нема да погрешите со црните и белите модели бидејќи се вклопуваат со речиси секој аутфит. Но, доколку планирате да купите повеќе пара – предлозите се модел во црвена, бордо, лаванда, кралско сина боја…

Што се однесува до купувањето на обувки, Маноло вели: „Во ормарот е добро да имате едни добри рамни чевли, неколку едноставни салонки и секако, едни чевли со висока потпетица”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот