„Кралот“ на стрелците ја заврши кариерата! (ВИДЕО)

Илијоски со голема благодарност до сите за фудбалските моменти во добро и лошо, за сите шанси кои ги имаше и возвраќаше на најдобар можен начин.

Во оваа сезона ги бранеше боите на Работнички каде што воедно и ја започна кариерата како играч во 2002 година.

Фото: ФК Работнички

Претходно на домашно тло беше дел уште од Металург, Пелистер и Шкупи, а настапуваше и во странство за јужнокорејските Инчон јунајтед и Гангвон, романските Брашов и Рапид Букурешт, јапонскиот Гифу, Патум од Тајланд и Келантан од Малезија.

Ги бранеше и боите на најдобрата македонска репрезентација со 13 мечеви и еден погодок. Најголемите успеси ги имаше со Работнички, по четири титули во првенството и Купот.

Со 146 голови е најефикасниот стрелец на вечната листа во македонскиот клупски фудбал:

– Сакам да се заблагодарам на сите кои што изминативе години беа со мене во текот на мојата фудбалска кариера, на сите мои соиграчи, тренери, судии, новинари…Посебна благодарност до сите клубови кои што ми дадоа шанса да бидам дел од нивните истории и до сите оние кои што заедно се радувавме и жалевме. Голема благодарност до моето семејство кое што беше покрај мене и кога беше најдобро и кога беше најтешко. Посебна благодарност до мојот Работнички кој што ме научи што значи да се зака и живее за успех и фудбал. Голема благодарност до фамилијата Костоски и фамилијата Поповски кои што ме прифатија како нивно дете и ја држеа врата отворена секогаш за мене. Мислам дека е време да им отстапиме место на помладите и желни за успех. На сите ви посакувам многу здравје и усште поголеми успеси! Ви благодарам – се зборовите на Илијоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот