Кралицата Летиција знае како да биде во центарот на вниманието (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоМода

Кралицата Летиција знае како да биде во центарот на вниманието (ФОТО)

Малку поинаква од она во што сме навикнати да ја гледаме, но сепак, успеа да го воодушеви целиот свет.

Со Војната парада во Мадрид беше прославен шпанскиот Ден на државноста. Нормално, свеченоста не ја пропушти ниту кралското семејство, а како и обично во центар на вниманието беше кралицата Летиција поради својот одличен стајлинг. Овој пат, избра розев чипкан фустан.

Малку поинаква од она во што сме навикнати да ја гледаме, но сепак, успеа да го воодушеви целиот свет. Розевиот фустан изработен од чипка е креација на шпанскиот дијазнер Фелипе Варела.

На фустанот со миди должина се истакнуваат круговите на ракавите, апликациите во облик на пеперутки на горниот дел, крагната и тенкиот ремен кој дополнително ја нагласи кралската витка половина.

Нежниот фустан, Летиција го комбинираше со потпетици од Стив Мадена во бело розева нијанса со отворена пета, обетки во облик на розев камен со сребрена рамка и „clutch“ торбичката во силно розева боја на брендот Маргит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close