Кралицата Елизабета Втора веќе нема да дозволи Хари и Меган да го клеветат семејството: Еве што ја прелило чашата

Profimedia
Фото: Профимедиа

Според британските медиуми, кралицата Елизабета Втора веќе нема намера да молчи и да дозволи јавно да се критикува и суди кралското семејство, имајќи ги предвид постојаните појавувања од страна на нејзиниот внук, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Како што открива „Дејли меил“, кралицата веќе нема намера да молчи на јавните обвинувања на војводата и војвотката од Сасекс кои изнесуваат невистини на сметка на кралското семејство.

Кралицата Елизабета ја запозна својата правнука на необичен начин

Иако со децении се држеше до својата политика – „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“, кралицата сега им наредила на вработените во Бакингемската палата да ги корегираат изјавите во кои погрешно се протолкувани нејзините приватни разговори или на другите постари членови на кралското семејство.

Овој потег покажува колку всушност е огорчена кралицата од изјавите на Хари и Меган за медиумите, особено последните за изборот на името на нивната ќерка.

epa-efe
Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Како што откриваат добро информирани извори во кралската семејство, токму оваа последна ситуација, по раѓањето на малата Лилибет Дијана, ја прелило чашата.

Да потсетиме, работите дополнително се искомплицираа откако еден американски новинар, поучен од пријателите Меган и Хари, рече дека парот побарал дозвола од кралицата за името на нивната ќерка Лилибет, што всушност е прекар од детството на кралицата, а така ја нарекувале само нејзините најблиски, вклучувајќи го и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.

epa-efe
EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Но, разговорот меѓу Хари и неговата баба бил насочен кон тоа дека тој ја информирал, а не ја прашал кралицата за дозвола за името на својата ќерка, за што извести и „Би-Би-Си“ тврдејќи дека кралицата немала избор.

Сето ова ги вознемирило Хари и Меган, кои потоа побараа од нивните адвокати да им се заканат со тужба на одговорните лица на „Би-Би-Си“, тврдејќи дека изјавите се лажни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот