Кралицата Елизабета ја запозна својата правнука на необичен начин

epa-efe
Фото: EPA-EFE

Кратко по нејзиното раѓање на 4 јуни Лилибет Дијана морала да присуствува на многу важен состанок – средба со нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора.

Ќерката на принцот Хари и Меган која веќе влезе во историјата како првото дете на високи членови на британското кралско семејство родено во Америка, ја запозна кралицата преку „Зум“.

Според неименуван извор за списанието „People“, војводата и војвотката од Сасекс, „беа многу возбудени и едвај дочекаа да споределат дека нивната ќерка пристигнала на свет“ веднаш штом се вратиле од болницата „Santa Barbara Cottage“, која е недалеку од нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

youtube
Принтскрин / Јутјуб

Кралицата била запознаена со името на својата внука уште пред нејзиното раѓање, чиј прекар од детството бил инспирацијата за принцот Хари и неговата сопруга. Средното име на Лили тие го позајмиле од мајката на принцот, почината принцеза Дијана. Исто така името ѝ оддава почит на мајката на Меган, Дориа Рагланд, која во детството ја викала Меган „Цветче“.

Според кралскиот историчар Роберт Лејси, принцот Хари и кралицата Елизабета се „длабоко поврзани“ и таа врска се продлабочила по шокантната смрт на принцезата Дијана во 1997 година.

„Таа им беше некој вид на маќеа на Хари и Вилијам. Сите се фокусиравме на нејзиното припремање на Вилијам како иден крал, но сега го разбираме значењето на емоционалната врска што таа ја создаде со Хари и нивната способност да зборуваат директно еден со друг. Таквата наклонетост не исчезнува“, изјави Лејси.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Хари во февруари за Џејмс Корден изјави дека кралицата и неговиот дедо Принцот Филип, кој почина во април, почнале да ја учат апликацијата „Zoom“, со цел да го запознаат семејството кое им се зголемува. Тој сподели дека тие го следат растењето и на Арчи.

Парот може ќе одлучи да го помине Божиќ во Сандрингем и тогаш ќе ја запознаат Лилибет со нејзината прабаба и остатокот од кралското семејство.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL

Имено, мајката на Меган, Дориа Рагланд се вселила во калифорнискиот дом на војводата и војвотката од Сасекс со цел да им помогне по раѓањето на нејзината внука.

Дориа која има 64 години, поради доаѓањето на нејзината внука Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор, им станала цимерка на парот во вилата од 10.5 милиони фунти во Монтесито. Посветената баба претходно поминала неколку недели по раѓањето на Арчи во Велика Британија за да биде од помош.

ФОТО | Лилибет е 11-то правнуче на кралицата Елизабета: Кралското семејство упати честитки до Хари и Меган, а чичкото испратил подарок

Ќерката на Меган Маркл и принцот Хари, Лилибет Дијана ќе добие двојно државјанство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот