Ќерката на Меган Маркл и принцот Хари, Лилибет Дијана ќе добие двојно државјанство
Британскиот принц Хари и Меган Маркл го дочекаа своето второ дете – ќерката која доби посебно име Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор. Името ѝ е инспирација од семејниот прекар на кралицата Елизабета Втора, а средното име е посвета на почината принцеза Дијана, мајката на Хари.
Препорачано
Во контекст на тоа што принцот Хари и Меган Маркл отстапија од кралската должност, среќната вест за раѓањето на нивната ќерка ја објавија на официјалниот инстаграм-профил на нивната хуманитарна организација, наместо на службениот профил на кралската фамилија.
View this post on Instagram
Лилибет, исто како и нејзниниот постар брат Арчи ќе има бипатриден статус, односно американско државјанство и британско држвавјанство. Британското државјанство според законот се пренесува на следната генерација ако родителот е државјанин на Велика Британија.
Кога принцот Хари и Меган Маркл стапија во брак во 2018 година, на јавноста ѝ беше објавено дека Меган Маркл планира да стане британска државјанка, но за тој статус таа требаше да живее во Британија неколку години. Сега, тие живеат во Америка што значи дека Маркл нема можност да стане државјанка на Британија, но тоа не важи за нејзините деца.
Минатата година кога принцот и Меган се преселија во Америка, извор од списанието „Times“, откри дека принцот не аплицирал за американско државјанство и зелена карта, бидејќи според американскиот закон за имиграција и национализација, ќе мора да се откаже од кралската титула и да го подложи богатството на даночење.
Кралското семејство не можеше долго да ја одложува реакцијата на раѓањето на нивната внука. Тие на социјалните мрежи објавија фотографија од кралската венчавка на парот во 2018 година со честитка.
View this post on Instagram
„Им честитаме на војводата и војвотката од Сасекс на раѓањето на Лилибет Дијана! Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвел и војводата и војвотката од Кембриџ се воодушевени од веста. Лилибет е единаесеттата правнука на Нејзеното Височество кралицата Елизабета втора“, стои во описот под фотографијата.
View this post on Instagram
„Воодушевени сме од среќната вест за доаѓањето на Лили. Им честитаме на Хари, Меган и Арчи“, принцот Филип, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон споделија фотографија од бременоста на Меган Маркл на која позира во прегратка на принцот Хари и синот Арчи во рацете.


