Крај на романсата на најпознатата тениска двојка: Во Мелбурн пристигнаа заедно, си заминаат одвоено
Елина Свитолина и Гаел Монфилд, најпознатиот тениски пар, веднаш по завршување на Австралија Опен ја прекинаа двегодишната романса.
Тие заедно пристигнаа во Австралија и пред задолжителниот карантин порачаа дека ќе им биде многу тешко да бидат одвоени еден од друг, а потоа Украинката по своите дуели му испаќаше љубовни пораки на Монфилс, но по завршување на грен слем турнирот, тие ја изненадија јавноста.
– Одлуката беше неверојатно тешка бидејќи и понатаму чувствуваме љубов еден кон друг. Но, ние во исто време сме и најдобри пријатели кои сфатија дека е потребно да си дадеме малку простор, односно да си помогнеме еден на друг и да живееме најдосадни и исполнети животи колку што е тоа возможно – стои во заедничата порака на Свитолина и Монфилс.
Елина Свитолина на Австралија Опен дојде до четвртфиналето, додека Монфилс својот настап го заврши уште во првото коло.