Стримница, Тетовско / Фото: Мухамет Рустеми / Google Maps

Крадец начекал туѓа кола во Тетовско, се забил со неа во маркет, повредил продавачка и избегал

Вистинска драма се случувала вчеравечер во Тетовско, кога крадец начекал отворена кола, на која пензионер од селото Стримница го оставил клучот на бравата, по што арамијата удрил во објект на маркет во друго село и повредил продавачка, информира МВР. Тој потоа го оставил автомобилот и избегал.

„На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое е сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата. Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрил во објект на маркет и го напуштил местото. При тоа со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, се здобила Л.К.(23) од с.Палатица, вработената во маркетот, а предизвикана е и штета на објектот. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот