ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка
Инцидент се случил вчера во селото Добровница кај Крива Паланка, кога, според кажувањата на дел од жителите, проблематично семејство од селото ги пуштило кравите во нивата со необрана зелка на нивните комшии.
Препорачано
Напнатата ситуација ескалирала во туркање и физичка пресметка меѓу агресивните сопственици на кравите и оштетените соседи.
Дел од жителите на Добровница се жалат и дека добивале закани од членови на семејството, кое го обвинуваат дека постојано ги пушта кравите слободно да талкаат низ селото, а тие им прават штета на соседите. Тие за денес најавија протест на кој ќе го изразат револтот од однесувањето на семејството.
„На 26.11.2025 година во 11:00 часот во село Добровница ќе се одржи собир поради тоа што кравите прават голема штета на имотите, нивите и околината. Целта е заедничка да се најде решение од кое ќе има корист целата заедница. Ги покануваме сите мештани да присуствуваат. На собирот ќе има и телевизии, за да се пренесе ситуацијата и да се слушне нашиот глас!“, пишува во најавата на протестот на социјалните мрежи
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


