Ковид-19 и Брегзит како фактори: Шкотските приврзаници за отцепување од В. Британија станаа мнозинство

Фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Шкотските приврзаници на идејата за отцепување од Велика Британија се мнозинство, покажуваат 16 последователни анкети што беа спроведени од почетокот на јуни до почетокот на декември оваа година, јави „Би-Би-Си“. Водството на поддржувачите за независност варира помеѓу 1 и 16 процентни поени, додека меѓу 6 и 14 проценти од испитаниците сè уште немаат став за тоа прашање.

Во исто време, се зголеми и рејтингот на владејачката Национална партија на Шкотска за која независноста е програмска цел, па сега ужива поддршка од 55 отсто од населението.

Шкотската национална партија предводена од Никола Старџен, постојано ја поддржува потребата за нов референдум за независност. Сепак, до неодамна, анкетите не даваа долгорочни причини за поборниците за независност да се надеваат на успех.

На референдумот за независност во септември во 2014 година, 55,3 отсто гласаа против отцепувањето на Шкотска, а 44,7 отсто гласаа „за”. Сепак, со пандемијата ковид-19, ситуацијата се менува.

Според британските набљудувачи, клучна улога има начинот на кој Шкотланѓаните ги перцепираат медиумските слики на лидерите Никола Старџен и Борис Џонсон во нивната борба против коронавирусот. Старџен е значително порешителна и поефикасна од премиерот Џонсон.

Населението во Шкотска е десетпати помало отколку во Англија, инциденцата на инфекција е околу 15 пати помала, а жртвите на ковид-19 се околу 13,5 пати помалку.

Во исто време, интензивира и факторот Брегзит – новогодишната ноќ ќе значи и крај на процесот за излез на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ). Многу Шкотланѓани не се задоволни што Лондон ги принудува да ја напуштат заедницата против нивна волја.

Меѓу младите Шкотланѓани на возраст од 16 до 24 години, 80 отсто ја поддржуваат идејата за отцепување од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот