Костовски вели дека Зградата на поранешна Еуростандард банка по ниту еден параметар не треба да е под 12 милиони евра

Трифун Костовски - прес за Еуростандард банка / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Бизнисменот Трифун Костовск во новото соопштение реагира на објавата во некои од медиумите кои објавија дека фирмата Пантелеон ГС на третата по ред и последна аукција понудила 5,37 милиони евра за дирекцијата на бившата Еуростандард банка, со купна квадратура од 3,500 м2 со можност на доизградба на нови 800 м2 во самиот епицентар на Скопје, за што тој вели дека му го „крчмат имотот“.

Го крчмите мојот имот без око да ви трепне. Предупредувам дека мојата војна против организаторите на овој криминоген чин ќе оди до крај, вели Костовски.

Според него, зградата на бившата Еуростандард банка „по ниту еден параметар не смее да биде подолу од 12 милиони евра“.

Самиот манипулативен чин за ефтино купување на мојот имот е ваш потег да го обезвредните собраниот капитал во стечајната маса и со тоа на јавноста да докажете дека јас и моето семејство сме виновни доколку не се соберат средства за обештетување на правните, физички лица и нас, акционерите, вели Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот