Костески: Против Фуксе Берлин ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат

Ненад Костески/фото: РК Еурофарм Пелистер

Во вторник со почеток од 20.45 часот екипата на Еурофарм Пелистер против Фуксе Берлин на гостински терен ќе го игра претпоследниот деветти натпревар од групата „Д“ во ЕХФ Лига Европа.

Битолчани предводени од тренерот Ларс Валтер се свесни дека Германците ја имаат фаворитската улога.

– Патуваме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и задравените ракиметари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра „шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето – рече Валтер.

Македонскиот вицешампион се бори за едно од првите четири позиции кои водат во следната фаза. Моментно води Фуксе Берлин со 16 бодови со осум максимални победи, следува Скандерборг Архус со 12, седум има Бидасоа Ирун, Еурофарм Пелистер е четвртопласиран со шест, четири Агуаш Санташ, а Мотор Запорожје три.

– Се подготвуваме за натпреварот против Фуксе Берлин, иако немаме доволно време за припрема. Вчера игравме против Алкалоид, денеска патуваме и имаме многу малку време да се спремиме. Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин, мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат – вели ракометарот на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот