Костески е нов играч на Еурофарм Пелистер

фото: инстаграм

Битолската ракометна екипа го ангажираше и третото домашно засилување после Кукуловски и Танковски…

Еурофарм Пелистер го доведе шестото засилување за сезоната 2020/21, клубот постигна договор со ППД Загреб и го откупи договорот на младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески (19).

Десното крило стави потпис на тригодишен договор со битолската екипа. Овој млад играч кариерата ја започна во Струга, а од минатата сезона се пресели во Хрватска.

По доведувањето на двајца млади ракометари, како Кукуловски и Танковски, Еурофарм Пелистер ангажираше трето домашно засилување и наскоро ќе го претстави пред јавноста.

Костески се наоѓа во Загреб и се очекува негово пристигнување во нашата земја. Стружанецот ќе се јави на прозивката на Жељко Бабиќ на 27 јули.

Еурофарм Пелистер претходно се засили со Танкоски, Периќ, Мараш, Мандалиниќ, Кушан. Договорите се продолжени со Трајкоски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот