Косовскиот Парламент утре ќе гласа за доверба на владата на Курти

Фото: МИА

Вонредната седница на косовскиот Парламент на која ќе се гласа за доверба на владата на Албин Курти ќе биде одржана утре во 11 часот.

Приштински „Љајми“ пишува дека седницата на претседателството траела подолго од очекуваното, а одлуката е донесена со четири гласа „за“ и два гласа против“ за одржување на вонредната седница.

Шефот на пратеничката група на владеачката Самоопределување Реџеп Сељими за новинарите рекол дека претставниците на сите политички партии биле „за“, а дека само Самоопределување биле против одржувањето на седницата.

Сељими, како што се наведува, изнел и низа на обвиненија на сметка на коалицискиот партнер Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) на Иса Мустафа, која го поднесе барањето за гласање за недоверба на Курти.

– ДСК заедно со другите партии бара хаос во време кога владата многу добро управува со ситуацијата предизвикана од коронавирусот – наведе Сељими.

Видео на денот