Косовските власти конфискуваа 75 вили на Шар Планина во сопственост на функционери

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Судот во косовскиот град Пеќ привремено конфискува 75 вили во планинското одморалиште Брезовица на Шар Планина. Како сопственици на тие имоти се наведуваат високи политичари, судии и роднини на важни политички личности во земјата, јавува „Балкан Инсајт“.

„Тие се под надзор и контрола на државниот обвинител“, се вели во судската одлука.

Од Основниот суд во Пеќ велат дека одлуката е донесена поради сомнение дека тие биле незаконски изградени.

Како што наведуваат медиумите, некои од вилите се во сопственост на поранешниот лидер на Демократската партија на Косово, ПДК, актуелен пратеник Енвер Хоџај, на тројца судии, меѓу кои и на шефот на судот во Феризај/Урошевац, Мустафa Тахир, судијата на Врховниот суд Агим Малиќи и судијата на Апелацискиот суд, Башким Хисени. Судот ги заплени и вилите на двајцата браќа на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, кој периодов го чека судењето за воени злосторства во косовскиот Специјален суд во Хаг.

Претходно, на 11 октомври 2022 година полицијата изврши рација во овие вили. Десетици полицајци учествуваа во голема операција во Брезовица, во која беа запленети околу 100 згради, меѓу кои и 80 вили за кои се сомневаше дека се нелегално изградени во националниот парк.

Во досегашните операции поврзани со случајот се уапсени околу 30 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот