Косовската министерката за финансии: Кој краде, дури и едно евро, мора да заврши во затвор и да одговара пред законот, пред народот и пред Бога

Додека известуваше пред Комисијата за надзор на јавните финансии косовската министерката за финансии, Хикмете Бајрами, рече дека за трансакциите вредни 2 милиони и 77 илјади евра не е побаран ниту нејзин ниту потпис на директорот на Министерството за финансии.

„Како што претходно најавив, ги преземаме сите законски чекори. По 3 минути откако бев информирана, се пријавив во полиција. Ова е економско злосторство, сторено преку сајбер криминал. Имаше неовластен пристап, надминати се законски овластувања и злоупотребени службени должности и пробиени се лозинки. Мојот потпис или директорот на Министерството за финансии не беше потребен за каква било трансакција. Сè се случи преку фалсификат. Ги известивме органите за правда, вклучително и обвинителството, одделот за сајбер и економски криминал, единицата за финансиско разузнавање и КИА“, рече таа.

Министерката појасни дека веќе има конкретни насоки по кои се води истрагата.

Постојат траги од кој компјутер се направени, кои службеници ги направија, каде отидоа и од која компанија беа поделени на други субјекти. Криминалот има трага. За овој случај, се грижат сите органи. Од 2009 година, плаќањата се делегираат електронски. Ниту еден и друг потпис не беше потребен од моја страна. Направено е без овластување, има злоупотреба и злоупотреба на службената должност и тоа е економски и сајбер криминал“, додаде Бајрами.

Бајрами после прес конференцијата уште еднаш се обрати до јавноста на Фејсбук.

„Кој краде, дури и едно евро, мора да заврши во затвор и да одговара пред законот, пред народот и пред Бога“ напиша таа меѓу другото.

Во средата беше пријавено дека од Државната каса преку Електронскиот систем за финансиско управување и контрола исчезнаа 2 милиони и 77 илјади евра за само неколку часа.

Акција „метла“ во Приштина, Хоти отпушти директори на косовската полиција, царина и даночна управа

Хоти за скандалот од 2.7 милиони евра: Измамниците ќе излезат на површина како стаорци кога ќе останат без вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот