Акција „метла“ во Приштина, Хоти отпушти директори на косовската полиција, царина и даночна управа

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, го разреши и генералниот директор на косовската полиција, Рашит Ќалија, за вршител на должноста Самедин Мехмети, полковник на косовската полиција.

„Во согласност со законските надлежности и врз основа на извештајот за работата на директорот на косовската полиција, денес премиерот на Република Косово, Авдулах Хоти, го отстрани Рашит Ќалијај од позицијата генерален директор на косовската полиција“, се вели во соопштението на косовската влада.

Според приштинските медиуми, Мехмети е човек близок до владејачката Демократска лига на Косово.

Ќалијај беше назначен за генерален директор на ПК во 2018 година, кога Рамуш Харадинај беше шеф на владата.

Владата на Косово објави дека премиерот Хоти, врз основа на законски овластувања и по препорака на министерот за финансии и трансфер, донел одлука за отстранување од функцијата вршител на должноста директор на косовската царина и директорот на даночната управа на Косово.

„Во согласност со важечките релевантни закони, премиерот Хоти ги назначи Бајрам Реџа за вршител на должноста генерален директор на косовската царина и Екрем Хисени за вршител на должноста генерален директор на даночната управа на Косово“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот