Косово: Расте бројот на заразени со ковид, сите сомнителни да се вакцинираат и да се носат маски

Косово, пункт за вакцинација /Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Националниот институт за јавно здравје на Косово ги повика граѓаните на Косово да носат маски во затворени простории и да се вакцинираат, по неодамнешното зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во многу земји во светот.

Во објава на Фејсбук, НИЈЗК наведува дека пандемијата сe уште не е завршена, додавајќи дека во многу земји во светот е регистриран пораст на случаи на заразени со Ковид-19.

„Ковид-19 во Косово бележи тренд на зголемување на нови случаи, но за среќа немаме регистрирано смртни случаи. Институтот континуирано ги тестира и следи сите случаи, контактите на болните во заедницата и лабораториската дијагностика, така што сите лица со главоболка, кашлица, болки во грлото, отежнато дишење, течење на носот, треска и губење на вкусот, се препорачува да се тестира”, се вели во текстот.

Со цел зајакнување на имунитетот и спречување на нови случаи и тешки форми на болеста, НИЈЗК ги советува граѓаните да се вакцинираат.

Во Косово денеска се регистрирани 17 нови случаи на вирусот, а активни се вкупно 80 случаи на зараза. Изминативе денови е забележан пораст на позитивни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот