Фото: Принтксрин/Јутјуб

Коски стари 400 години пронајдени во познат германски замок

Закопани коски стари најмалку 400 години беа откриени за време на градежните работи во средновековниот германски замок Траусниц во истоимената општина во германската покраина Баварија. Откако багер откри човечки остатоци за време на реновирањето на фасадата на замокот, работата беше стопирана, објавува „Билд“.

Полицијата е известена, а кривични истражители и археолог од канцеларијата на окружната администрација се задолжени за истрага на случајот.

„Врз основа на прелиминарното испитување, остатоците веројатно се делови нозете ,  ’рбетот и главата. Остатоците би можеле да бидат стари повеќе од 400 години“, изјави портпаролката на полицијата.

Таа додаде дека коските најверојатно им припаѓаат на неколку луѓе.

„Како живееле, како починале и зошто биле закопани таму, во моментов е непознато“, изјави потпаролката на полицијата.

Патем, замокот Траусниц од 13 век бил седиште на војводите, а подоцна се користел како касарна и болница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот