Кошаркарската сезона стартува на 10. октомври

фото: КФСМ

На заедничкиот состанок на раководството на федерацијата и Здружението на прволигашите е направена измена во календарот.

Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата лига-мажи наместо на првобитниот планираниот термин 3. октомври, ќе почне седум дена подоцна, односно на 10. октомври.

Ова е одлуката која на заедничкиот состанок ја донесоа раководството на федерацијата и претставниците на клубовите од Првата лига-мажи.

Двете страни заклучија дека поради актуелниот момент, потребно e одложување на стартот на новата сезона за седум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот