Кошаркарите се тестираат на корона пред стартот на првенството

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) организира тестирање на сите екипи кои се дел од Првата лига, со цел да се избегне ново одложување на сезоната.

Стартот на новата сезона беше закажан за 3. октомври, но е презакажан за викендов откако во три клуба, Работнички, МЗТ Скопје и Академија ФМП, се појавија случаи на позитивни на коронавирусот.

Согласно добиените насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје и предлогот од страна на федерацијата, а кој беше прифатен на заедничкиот состанок од Здружението на Првата лига-мажи, од вчера, КФСМ започна со тестирањето за вирусот Covid-19.

Тестирањето кое го спроведува мобилна екипа на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ од Скопје, во овие 48 часа, ќе ги опфати сите клубови кои ќе се натпреваруваат во Првата лига-мажи во сезоната 2020/2021.

Согласно резултатите кои ќе бидат добиени од страна на стручните медицински лица, а во консултација со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата лига-мажи“, стои во соопштенето на КФСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот