Кошаркарите на Пелистер заминуваат на подготвителен турнир во Плевен

КК Пелистер се подготвува за новата сезона 2022/2023/фото: facebook.com/kkpelisterbitola

Кошаркарите на Пелистер се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

По серијата секојдневни тренинзи, в четврток битолчани заминуваат на подготвителен турнир во Плевен, Бугарија.

Организатор на турнирот е КК Спартак Плевен, а ќе учествуваат уште поранешниот бугарски шампион, Левски, како и ТФТ Скопје од Македонија.

Потсетување дека КК Пелистер и ТФТ Скопје ќе ја претставуваат нашата земја во АБА 2 лигата.

За сезоната 2022/2023 КК Пелистер ги промовираше новите играчи, тие се Хаџифејзовиќ, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски и Американците Карутерс и Овенс. Претходно клубот го напушти Кесар, Малешевиќ, Крстајиќ, Хотон, Младеновиќ и Ѓуроски.

На 8 октомври ќе стартува новата сезона во Првата македонска лига, а Пелистер во првото коло ќе му гостува на Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот