Кошаркарите ги дознаа првите ривали на патот кон Мундобаскетот 2023

Фото: kfsm.mk

Денеска со жрепка во Берлин најдобрата македонска репрезентација ги дозна противниците во вториот круг од претквалификациите за пласман во оригиналните квалификации за местата кои водат на Светскиот куп во 2023 година.

Нашата селекција се наоѓаше меѓу четири прворангирани пред жрепката која одлучи да играме во групата „Ф“ заедно со Швајцарија и Словачка.

Вториот круг од претквалификациите ќе се игра во периодот од 11 до 28 август 2021 година.

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбеди пласман во следниот циклус од натпреварите.

Претквалификации за СП 2023 –

Група „Ц“: Шведска, Португалија, Австрија

Група „Д“: Романија, Летонија, Белорусија

Група „Е“: Црна Гора, Исланд, Данска

Група „Ф: Македонија, Швајцарија, Словачка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот