Коронавирусот зема замав на Вимблдон, и Баутиста Агут се повлече

Роберто Баутиста Агут/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут мораше да се повлече од Вимблдон бидејќи е позитивен на коронавирус.

Баутиста Агут е третиот тенисер кој поради коронавирусот мора предвреме да го заврши својот настап на најпрестижниот тениски турнир, пред него истот го направија Хрватот Марин Чилиќ и Италијанецот Матео Беретини.

Интересно е што сите тројца тенисери се наоѓаат во делот од ждрепката каде се наоѓа Рафаел Надал.

Поради повлекувањето на Баутиста Агут, дуректен пласман во третото коло на Вимблдон обезбеди Даниел Галан.

Противник на Галан во следната рунда ќе биде подобриот од пресметката меѓу Канаѓанецот Денис Шаповалов и Американецот Брендон Накашима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот