Коронавирусот направи хаос во српската ракометна репрезентација

Ковид проблеми за српската ракометна репрезентација пред ЕП/Фото РСС

Ракометната репрезентација на Србија ги откажа двата подготвителни натпревари кои требаше да ги одигра против Германија на 7 и 9 јануари поради појава на коронавирусот во нивните редови.

На редовното тестирање на репрезентацијата која е во завршните подготовки за Европското првенство, откриени се шест позитивни наоди.

Позитивни беа ракометарите Владимир Чупара и Богдан Радивојевиќ, селекторот Тони Герона, тренерот на голманите Димитрија Пејановиќ, физиотерапевтот Петар Радуловиќ и шеф на делегацијата Милорад Кривокапиќ.

Сите се во добра општа состојба и со благи симптоми на вирусот, соопшти Ракометниот сојуз на Србија.

Европското првенство е на програмата од 13 до 30 јануари, а Србија во Сегед ќе игра во група со Украина, Хрватска и Франција.

Големи проблеми со коронавирусот има и француската репрезентација која има девет позитивни случаи.

Корона во репрезентациите кои ќе играат против Македонија на ЕП

Пех за Србија: Петар Ненадиќ дефинитивно нема да игра на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот