Корона во репрезентациите кои ќе играат против Македонија на ЕП

Голманот на данската репрезентација, Јаник Грин е позитивен на коронавирус/ фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

На десет дена до стартот на Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словачка, противниците на ракометната репрезентација на Македонија имаат проблеми со коронавирусот.
Голманот на Магдебург и на данската репрезентација, Јаник Грин, кој е селектиран за настап на ЕПм е позитивен на коронавирус. Засега нема информации дали неговиот настап на ЕП е доведен во прашањето.
Во проблеми се наоѓа и првиот противник на Македонија на ЕП, селекцијата на Словенија каде исто така е регистриран позитивен ракометар на ковид—19.  Станува збор за голманот Урбан Лесјак.
„По првите два позитивни антиген тестови, Лесјак замина во самоизолација. ПЦР тестирањето само го потврди позитивниот резултат“, објави ракометната федерација на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот