Пех за Србија: Петар Ненадиќ дефинитивно нема да игра на ЕП

Петар Ненадиќ го пропушта ЕП/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Најдобриот српски ракометар Петар Ненадиќ дефинитивно нема да настапи на Европското првенство кое започнува точно за десет дена.

Ненадиќ поради повреда на бутниот мускул уште од почетокот на декември е надвор од терените, а пропаднаа шансите ракометарот на Веспрем да се опорави до стартот на ЕП.

„Поради повреда беше незвесен статусот на Петар Ненадиќ и неговото приклучување на подготовките, а по дополнителните прегледи утврдено е дека степенот на повредата нема да му овозможи да настпаи на ЕП“, соопшти ракометната федерација на Србија.

На Европското првенство, нашиот северен сосед е во исклучително тешка група со Франција, Хрватска и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот