Коронавирусот ја одложи и премиерата на четвртото продолжение од „Матрикс“

instagram

„Ворнер Брос“, одлучи да го одложи премиерното прикажување на четвртото продолжение од „Матрикс“, па така наместо во 2021 година, ќе се прикажува дури во 2022 година, пренесуваат американските медиуми.

Од „Ворнер Брос“ потврдија дека „Матрикс 4“ нема да биде прикажан се до пролетта 2022 година, а причина за одложувањето е коронавирусот, односно поради затворањето на сетот не е можно да заврши снимањето во периодот во кој тоа било планирано.

Сепак продуцентите потврдија дека снимањето ќе продолжи во јули оваа година. Филмот светлината на денот ќе ја здогледа во мај 2021 година, но фановите сепак ќе мораат да почекаат до април 2022 година.

Во добро познатиот филм играат Кијану Ривс, Нил Патрик Херис, Џесика Хенвик, Џонатан Груф, Пријанка Чопра Џонас, Елен Холман, Тоби Онвумер и Брајан Џ Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот