Коронавирусот го одложи НБА „Ол-стар“ викендот во Индијанаполис!

Фото: EPA-EFE/NUCCIO DINUZZO

Управата на НБА лигата и Индијана Пејсерс објавија дека „Ол-стар“ викендот, кој првично беше закажан за февруари 2021 година во Индијанаполис, ќе се одржи во 2024 година.

Конкурсот е одложен поради пандемијата на коронавирусот. Викендот на сите ѕвезди требаше да се одржи од 12 до 14 февруари 2021 година.

– Иако сме разочарани што Ол Стар мечот нема да се одржи во Индијанаполис во 2021 година, ние сме среќни што градот ќе биде домаќин на настанот во 2024 година – рече комесарот на лигата, Адам Силвер.

Следното Ол Стар натпреварување ќе се одржи во 2022 година во Кливленд, додека во 2023 година домаќин ќе биде Солт Лејк Сити.

Индијанаполис ќе биде домаќин од 16 до 18 февруари 2024 година, по вторпат во историјата, по 1985 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот