Коронавирусот го нокаутира боксот: Одложен мечот помеѓу Џошуа и Пулев

фото: твитер

Очекувано бокс мечот во тешка категорија е одложен поради пандемијата со коронавирусот.

Ентони Џошуа титулите во ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО верзиите требаше да ги брани против Бугаринот Кубрат Пулев на 20 јуни на стадионот на Тотенхем, но очекувано овој боксерски спектакл е одложен.

Менаџерот на Џошуа, Еди Херн, објави дека работи на одредување на нов термин за борбата како и дека не е исклучено локацијата на остане непроменета, а како нов термин се споменува јули.

Еди Херн исто така открива дека нема шанси борбата да се одржи без присуство на публика и доколку не пандемијата на коронавирусот не биде ставена под контрола, можно е да дојде до уште едно одложување.

Последната борба на Ентони Џошуа беше во декември минатата година кога во Саудиска Арабија успеа да го победи Енди Руиз јуниор и да си ги врати титулите. Интересно е што Бугаринот требаше уште во 2017 година да боксува против Џошуа но борбата беше откажана поради повреда на рамото на Пулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот