Коронавирусот финансиски го исцеди: Роберт Де Ниро ќе заработи максимум 7,5 милиони долари!

Фото: Профимедиа

Финансиската ситуација на Роберт Де Ниро се влошила поради пандемијата на коронавирусот, велат неговите адвокати, одговарајќи на финансиските барања на неговата поранешна сопруга.

Прославениот холивудски актер Роберт Де Ниро (76) е во процес на бракоразводна парница од 11 години помладата Грејс Хајтауер.

Парот потврди дека се разведува во 2018 година по 21 година брак, а Грејс по судски пат побара месечниот лимит на кредитната картичка „American Express“ да и се врати од 50.000 долари на 100.000 долари.

Но, актерската финансиска ситуација е влошена, а поради тоа и лимитот е намален.

Фото: Профимедиа

Освен со намалувањето на лимитот Де Ниро поранешната сопруга ја налутил и поради тоа што на неа и децата, осумгодишната ќерка Хелен и 21-годишниот Елиот, им го забранил пристапот во домот во Њујорк.

Адвокатката на Де Ниро, Каролин Краус вели дека приходите се намалени поради затворањето на ланецот ресторани „Nobu“ и хотелот „Greenwich“, чиј сопственик е актерот.

Во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер пишува дека тој мора да и исплати милион долари секоја година кога ќе заработи 15 милиони долари или повеќе, а доколку приходите му опаднат, на неа и се намалува исплатата. Оваа година тој во најдобар случај би можел да заработи 7,5 милиони.

Фото: Профимедиа, Роберт Де Ниро со поранешната сопруга Грејс Хајтауер

Но сепак пореален е износот од 2,5 милиони во 2020 и 2021 година.

Поради тоа Де Ниро драстично ги намалил трошоците. Судот одлучил да се одржи кредитниот лимит од 50.000 долари, но актерот на поранешната сопруга ќе мора да и даде дополнителни 75.000 долари за таа да може да плати куќа за одмор за себе и нивните две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот