Коралите од Големиот корален гребен преполовени во изминатите 25 години

instagram

Коралите на Големиот корален гребен во Австралија биле повеќе од преполовени во текот на изминатите 25 години. Научниците повторно предупредуваат – светски познатото обележје ќе стане непрепознатливо!

Instagram

Истражувачите од „ARC Centre of Excellence for Coral Reef Studies“ во Таунсвил ги анализирале коралните предели и нивната големина помеѓу 1995 и 2017 година и откриле дека бројот на мали, средни и големи корали паднал за повеќе од 50%.

Instagram

Коавторот на студијата, професорот од Универзитетот Џејмс Кук, Тери Хјуз, изјави дека откриле масовното „белеење“ на коралите предизвикано од рекордните температури на водата во 2016 и 2017 година што имало фатално влијание врз исцрпувањето на коралите.

Instagram

Почнав да ги истражувам гребените во 1995 година, и она што последователно се случуваше сигурно не беше планирано. Оттогаш поминаа пет големи настани на белеење, од кои три во последните пет години“, рече Хјуз, додавајќи дека ова е загрижувачко.

Додека малите, средните и големите корали биле исцрпени, се потенцира и намалувањето на поголемите корали што само по себе е најголема закана за способноста на гребенот да биде место за „мрестење“.

Instagram

Истражувачот Хјуз рекол дека видовите корали кои претрпеле најзначајно „истребување“ биле коралите стагхорн, исто така познати како разгранети корали и трпезни корали.

Тие два вида корали се најдимензионални – тие формираат живеалишта“, рекол тој.

Instagram

Губењето на живеалиштата има силно влијание на огромен број риби и на непродуктивноста на риболовот на коралните гребени. Ескалацијата на глобалното затоплување е голема закана за екосистемите на коралниот гребен.

Instagram

Немаме многу време за губење. Мислам дека ако можеме да го контролираме затоплувањето некаде помеѓу 1,5-2 степени над прединдустриските нивоа, според Парискиот договор, тогаш ќе имаме гребен. Но, ако дојдеме до 3-4 целзиусови степени тогаш никој нема да го препознае Големиот корален гребен“, изјавил тој.

Instagram

Дали е доцна да се спаси Големиот корален гребен?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот