Конте е сериозен, пет играчи од Тотенхем си заминуваат до 31 јануари!?
Менаџерот Антонио Конте се обидува на секој начин да ангажира квалитетни играчи да го подигне Тотенхем на повисоко ниво. Конте и Фабио Паратичи (фудбалски директор на клубот) во голема мера кројат план за 2022 година, но треба да бидат активни до крајот на зимскиот преоден рок.
Препорачано
Конте состави листа на играчи кои треба да го напуштат клубот до крајот на овој преоден рок, а тие се – Џовани Ло Селсо, Танги Ндомбеле, Деле Али, Стивен Бергвајн и Брајан Хил.
Ло Селсо не е во најдобри односи со Конте, Италијанецот рече дека играчот не е подготвен, а Аргентинецот на социјалните мрежи одговори дека тоа не е точно. Интересно, Ло Селсо има понуда од Севиља, а како поранешен ас на Бетис би можел да биде персона нон грата, доколку замине во црвениот дел на градот.
Деле Али е желба на Њукасл, ќе има уште неколку понуди од Премиер лигата, можно е да биде и на позајмица исто како Ндомбеле кого го посакува ПСЖ.
Бергвајн е во преговори со Ајакс веќе неколку недели, останува Тотенхем да ја прифати понудата, разликата е два-три милиони евра, па се очекува договор.
Хил летово дојде во трампа за Ерик Ламела, но тој не се снајде. Шпанецот има неколку понуди за враќање во татковината, меѓу кои и Валенсија.


