Конечно Серија А: Елмас, Пандев и Несторовски со нови натпревари од 23 јуни!

фото: твитер

Планирано е натпреварите да се играат без публика, а се разгледува и можноста делумно да се отворат стадионите за навивачите од јули.

Денеска италијанската фудбалска федерација го објави распоредот на останатите натпревари кои треба да се одиграат сезонава. Иако имаше најави дури и за откажување на сезоната, шампионот во Серија А ќе го дознаеме на теренот.

Официјално сезоната ќе продолжи на 20 јуни со натпреварот Торино-Парма од 19.30 часот, а истиот ден од 21.45 се сретнуваат Верона-Каљари во рамките од 25 коло. Следниот ден (21 јуни) ќе играат Аталанта-Сасуоло и Интер-Сампдорија.

Федерацијата освен распоредот, објави и документ на мерки за продолжување на натпреварувањето. Една од обврските ќе биде екипите во различно време да влегуваат и излегуваат на теренот, а на стадионите во текот на натпреварите може да има најмногу 300 луѓе, заедно со клубовите, вработените во организацијата и новинарите.

фото:твитер

Планирано е натпреварите да се играат без публика, а се разгледува и можноста делумно да се отворат стадионите за навивачите од јули.

После нешто повеќе од три месеци ќе се врати италијанскиот фудбал, а секако и настапите на тројцата македонски репрезентативци. Екипите на Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи) ќе ги имаат своите први натпревари на 23 јуни.

Од 19.30 часот Наполи гостува кај Верона, а од 21.45 часот Џенова е домаќин Парма, а Удинезе е гостин на Торино.

Секако најинтересно ќе биде трката за шампионската титула, до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус водечки беше Јувентус со еден бод повеќе од второпласираниот Лацио. Како што и беше најавено, можно е „финалната битка“ за Скудетото да биде токму на 20 јули за кога е закажано токму дербито во Торино помеѓу Јуве и Лацио.

Целосниот распоред на натпреварите во Серија А до крајот на сезоната (2019/2020) можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот