Питон змија - Фото: Freepik

Конечно откриено како змиите можат да голтаат и варат коски: Ова никогаш порано не е забележано

Кога месојадите кои се населени на нашата планета фаќаат плен, тие обично јадат сè освен коските. Но, змиите можат да ги рашират вилиците така што ќе го проголтаат пленот цел, вклучувајќи ги и сите коски, а потоа ги обработуваат тие коски во своите тела.

Како змиите ја имаат оваа извонредна способност да голтаат и варат коски досега не беше јасно. Затоа, научниците го проучувале бурманскиот питон (Python molurus bivittatus) и откриле претходно непознат тип на клетка во цревата на оваа боа.

Токму овие клетки овозможуваат обработка на огромни количини калциум и фосфор, што инаку би го преоптовариле системот на змијата, објавува „Саенс алерт“ (ScienceAlert).

Морфолошката анализа на епителот на питонот откри специфични честички што никогаш порано не се видени кај другите ’рбетници. За разлика од нормалните апсорптивни ентероцити, овие клетки се многу тесни, имаат кратки микровили и превиткување што формира крипта, рече биологот Жан-Ерве Лињео од Универзитетот во Монпелје.

Само неколку животински видови се забележани како намерно јадат коски, практика позната како остеофагија. Таа е главно поврзана со внесувањето на фосфор и калциум. Затоа змиите што се чуваат како домашни миленици и се хранат со храна без коски имаат недостаток на калциум. Ова значи дека скелетите на пленот се витален дел од исхраната на змиите.

Тие користеа светлосни и електронски микроскопи за да ги проучат ентероцитите, клетките што ги обложуваат цревата на бурманските питони. Тие, исто така, ги следеле хормоните и количината на калциум во крвта кога змиите гладувале, кога јаделе нормален плен и кога биле хранети со плен без коски.

Резултатот открил специјализирани клетки кои им овозможуваат на змиите да ги обработуваат и метаболизираат коските.

– Овие клетки имаат апикална крипта која има повеќеслојна честичка составена од калциум, фосфор и елементи богати со железо во центарот. Кога змијата гладува, овој тип на клетка има празна крипта. Кога змиите јадат плен без коски, честичките не се формираат, иако во криптата има елементи од железо. Кога се додаваат додатоци на калциум, големи честички ја исполнуваат криптата, велат научниците.

Покрај тоа, во изметот на питонот нема коски или фрагменти од коски, што значи дека скелетите на пленот се целосно сварени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот