Конечниот список на Бразил за Мундијалот: Жезус оди во Катар, без Фирмино и Кутињо

Нејмар треба да биде првата ѕвезда на Бразил на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите го објави конечниот список од 26 имиња за Светското првенство во Катар.

Бразилците според многу проценки се едни од најголемите фаворит за титулата, предводени од Нејмар, во составот се и Габриел Жесус и ветеранот Дани Алвеш, а отсутни се Роберто Фирмино и Фелипе Кутињо.

Од 26 играчи, вкупно 10 веќе играле на Мундијал, а 16 првпат ќе бидат дел од најголемиот светски фудбалски настан.

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер Сити), Вавертон (Палмеираш).

Одбрана: Тиаго Силва (Челси), Маркињос (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Алекс Сандро (Јувентус), Данило (Јувентус), Алекс Тељеш (Севиља), Бремер (Јувентус), Дани Алвеш (Пумас).

Среден ред: Лукас Пакета (Вест хем), Касемиро (Манчестер јунајтед), Фред (Манчестер јунајтед), Бруно Гимараеш (Њукасл), Фабињо (Ливерпул), Евертон Рибеиро (Фламенго).

Напад: Нејмар (ПСЖ), Винисиус Јуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Рафиња (Барселона), Антони (Манчестер јунајтед), Ришарлисон (Тотенхем), Габриел Жесус (Арсенал), Педро (Фламенго), Габриел Мартинели (Арсенал).

Бразил следната недела ќе се собере во Торино каде пет дена ќе тренира во тренинг центарот на Јувентус, а потоа ќе отпатува за Катар. Ривали на Бразил во групата на Мундијалот се Швајцарија, Србија и Камерун.

Кутињо се повреди на тренингот на Астон Вила, а според последните информации се очекува бразилскиот фудбалер да има пауза од седум до 10 недели, поради што нема да игра на СП. Кутињо оваа сезона одигра 13 натпревари за клубот од Бирмингем. Тој на почетокот на годината пристигна во оваа екипа како позајмен од Барселона, а англискиот клуб во јуни го купи бразилскиот фудбалер за 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот