Комшиќ: Ако Додик не го спречат странците, ние ќе го спречиме

Жељко Комшиќ / Фото: Принтксрин - Нова.рс

 Актуелниот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ изјави дека доколку странците не го спречат српскиот член на тоа трипартитно тело, Милорад Додик, кого го нарекува „разбојник”, нема да има друг избор освен да го спречат сами.

Комшиќ тоа го кажа во интервју за Радио Сараево и додаде дека, БиХ „никогаш всушност не била оставена на мир од оние кои го загрозуваат опстанокот на државата”.

„Не треба да се споменува за кого се работи, ќе се пронајдат. Но, и покрај сите напади на Босна и Херцеговина, таа преживеа и ќе опстане”, изјави Комшиќ, додавајќи дека не се сомнева дека, како што вели, „ќе направиме се во таа смисла”.

„Веќе ни се случи сето најлошо што можеше да и се случи на една земја и нејзините граѓани, од агресија, геноцид и злосторства што историјата на човештвото не ги памети. Државните непријатели го убија стравот во нас и на тоа треба да размислуваме ако повторно насилно ги нападнат нашата држава и граѓаните”, рече Комшиќ.

Габриел Ескобар на средба со Жељко Комшиќ
Габриел Ескобар на средба со Жељко Комшиќ / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Тој изјави дека стравот не парализира, освен неколкумина кои својата лична удобност сакаат да ја претстават како рамнодушност на народот кон судбината на државата.

„Странците, без разлика дали се наши пријатели или непријатели, мора да го знаат тоа. Со разбојник нема да преговараме за постоење институции чие формирање е извршено согласно Уставот и законот во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина. Сум кажал еднаш и ќе кажам уште еднаш. Подобро е странците да го запрат Додик отколку ние да го спречиме”.

„Ако не го спречат тие, нема да имаме друг избор освен самите да го спречиме. Тој го ризикуваше мирот во регионот и Европа. Нема да се коцкаме со нашата земја”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот