Компанијата „Волт Дизни“ може да ги изгуби ексклузивните права над Мики Маус

Фотографија: YouTube

Омиленото глувче, Мики Маус настанало за време на едно патување со воз од Њујорк кон Холивуд во 1928 кога Волт со сопругата Лили го смислил името на анимираниот лик кој стана темел на „кралството“ Дизни. Веселото глувче со пискав глас првпат се појави во 1928 година, па се претвори во своевиден заштитен симбол на компанијата и стана еден од најпрепознатливите цртани ликови на сите времиња. Инаку, Мики Маус првично беше заштитен со авторски права на 56 години. Во 1998 година, компанијата се избори за продолжување на правата, стекнувајќи ги на 95 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Walt Disney (@walter_e_disney_)


Постои голем ризик компанијата „Волт Дизни“ да ги изгуби ексклузивните права над веќе легендарниот лик Мики Маус, бидејќи 95-годишните авторски права за ликот истекуваат во 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Walt Disney (@walter_e_disney_)


Американскиот Закон за авторски права вели дека интелектуалната сопственост на уметничките дела истекува 95 години по првото објавување, што значи дека Мики ќе влезе во јавна сопственост во 2024 година. По истекот на авторските права, секој што сака да го користи ликот може без дозвола и без да плати за авторски права. Тоа значи дека цртаниот лик може да се појави и во приказни што не се на „Дизни“. Други познати ликови се веќе во јавен домен. Меѓу нив е и мечето Вини Пу, кој влезе во списокот бесплатни ликови откако во јануари му истекоа авторските права. Мечето сега „бесплатно“, и тоа како убиец, се појавува во хорор-филмот „Вини Пу: Крв и ужас“, напишан и режиран од Рис Вотерфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот